еМагазин
Image default
Локално

Охриѓанец наседнал на измама со измислена сообраќајка на Израелец

На 09.02.2019 година во 11,45 часот во СВР-Охрид Д.Д.(65) од Охрид пријавил дека истиот ден околу 10,30 часот на булеварот “Туристичка“ му пристапило едно лице кое се претставило дека е од Радовиш и му рекло дека имало сообраќајна незгода со друго лице од Израел и дека сака да му биде сведок додека му дава пари на другото лице, информира МВР.

Заедно се упатиле кон местото каде требало да го почекаат наводниот Израелец. Но, лицето кое се претставило дека е од Радовиш му дало часовник на наводниот Израелец и заминало, како што рекло, да земе пари. Потоа, наводниот Израелец го довел во заблуда пријавителот барајќи му 5.000 денари во замена за часовникот како гаранција дека ќе му ги врати парите бидејќи морал итно да оди во болница.

Откако му ги дал парите, лицето заминало, а Д.Д. чекал некое време по што сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Загина 31-годишен маж откако со автомобилот излетал од патот

Редакција

33-годишен маж загина во сообраќајка на патот Дебар-Струга

Редакција

Утре од 15:00 до 16:30 часот минирање на автопатот Кичево – Охрид

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница