еМагазин
Image default
Македонија

А1он: „Пајакот“ нема кривично да одговара за нападот на полицајката

Обвинителството нема да го гони функционерот на ДУИ, Бекир Асани, кој пред една година ја нападна полицајката Јасмина Јаначкова, која заедно со пајак-службата се обидела да го крене неговото непрописно паркирано возило, објави А1он.

Oбвинителот констатирал дека кривичното дело напад врз службено лице не може се гони по службена должност и ја затворил постапката против Асани.

„Во рамките на постапката беа сослушани оштетената и пријавениот, како и тројца други сведоци на настанот. Од ниеден вербален исказ, вклучувајќи ја и оштетената, надлежниот јавен обвинител не доби потврда дека пријавениот физички ја нападнал“, велат од Обвинителство за А1он.

Според Обвинителството, немало докази дека полицајката Јаначкова била нападната, а притоа не постоела сериозна и остварлива закана кон неа ниту, пак, физички контакт за Бекири да биде гонет за физички напад.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе биде распишан оглас за избор на 31 судија низ 13 основни судови од внатрешноста

Редакција

(ВИДЕО) Сопственикот на „Беса транс“ бил како втор возач на еден од автобусите, вели Русковска

Редакција

И јануари е опција за старт на преговорите со ЕУ, вели Димитров

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница