еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

(Галерија) Запленето поголемо количество на гуми во Горно Нерези, кои со горење ќе ги труеле граѓаните

Комуналните служби на Општина Карпош денеска исчистија нова дива депонија, во Горно Нерези, информираше градоначалникот Стефан Богоев.

„Запленето е поголемо количество на гуми и спречено е истите да завршат во некое од домаќинствата. Една од главните причини за аерозагадувањето е начинот на греење на домаќинствата, а анализите покажуваат дека голем број на домови се греат токму на отпадни гуми.

Ги повикувам граѓаните да го променат начинот на греење и да ги користат субвенциите на Град Скопје за набавка на инвертери и други современи уреди за затоплување“, вели Богоев.

фото: Фесјбук-страница на Стефан Богоев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пратениците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во клинч за загадувањето: Се скараа околу „инвертер-климите“

Редакција

Цементарница УСЈЕ АД Скопје не загадува и работи согласно најсовремените стандарди за заштита на животната средина

Редакција

Макстил и Еко-Флуид го одбележаа доаѓањето на пролетта со 100 садници во детските градинки „Темјанушка“ и „Сончоглед”

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница