еМагазин
Image default
Бизнис

Истражување: МОН и МВР најнетранспаретни при јавните набавки

Ниту една институција не ги исполнува сите или барем доминантен дел од критериумите за транспарентност, отчетност и интегритет во сите фази од процесот на јавни набавки, покажува најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации.

Најголем дел од институциите се рангирани во „ограниченото“ ниво, со исполнување на критериумите меѓу 40 и 60 проценти.

Најслабо рангирани се Министерството за образование и наука и Министерството за внатрешни работи, со исполнување на само 37 проценти од утврдените критериуми, додека најдобро рангирани се Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор и Секретаријатот за европски прашања, кои исполнуваат 71 процент од критериумите.

Интересен е податокот дека највисоко рангираните институции трошат најмал дел од парите за јавни набавки, а институциите со најниска процентуална исполнетот на критериумите, трошат дури 39 проценти од вкупните средства за јавните набавки. Така, Министерството за образование и наука како најниско рангираната институција, има најголем обем на набавки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кај една третина тендери дискриминаторски услови за учество на компаниите

Само една понуда на третина од тендерите за јавни набавки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жито Караорман лани работел со загуба

Редакција

Скопјани пријавија 349 осигурани штети од силното невреме: Имотот на „Ист Гејт Мол“ осигуран со франшиза од 100.000 евра

Редакција

За влез во Косово три дози или две дози вакцини плус ПЦР тест

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница