еМагазин
Image default
Македонија

Обединетото Кралство го прифати новото име Република Северна Македонија

Владата на Обединетото Кралство во однос на Македонија ќе го користи терминот Република Северна Македонија, соопшти денеска секретарот за надворешни работи Џереми Хант.

Во изјавата објавена на веб-страницата на Владата на Обединетото Кралство и по повод стапувањето во сила на Преспанскиот договор меѓу Грција и Македонија, Хант наведува дека ова е историски момент за двете земји.

„Двете страни ги презедоа потребните чекори за да стапи во сила Преспанскиот договор. Владата на Нејзиното Величество им честита на владите на Република Грција и Република Северна Македонија за нивната храброст и одлучност во решавање на овој долгодишен билатерален спор. Ова е историски момент за двете земји. Мило ми е што ќе ја продолжиме соработката со Северна Македонија и со Грција на билатерална основа, како и во Северноатлантската Алијанса во интерес на европската безбедност“, пишува Хант.

Во изјавата уште се наведува и дека Владата на Обединетото Кралство доби барање од Владата на Република Северна Македонија да го прифати и користи името и термините наведени во членот 1 (3) од Преспанскиот договор. Во таа насока Владата на Обединетото Кралство во однос на Македонија ќе го користи терминот Република Северна Македонија.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Обединети Нации го заменија ПЈРМ со Северна Македонија

(Фото) Иванов се уште е претседател на Република Македонија

И за ВМРО-ДПМНЕ се уште сме граѓани на Република Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето за „Топлик“ на СЈО продолжува на 21 септември

Редакција

Булеварот затворен: Реконструкцијата на убиството на Никола Саздовски траеше речиси три часа

Редакција

Што ќе одлучи денеска ДУИ на Генералниот совет на партијата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница