еМагазин
Image default
Македонија

Заев: Кога сите ми кажуваа дека не е можно, имав надеж за решение и подобра иднина

Имам три клучни зборови што го опишуваат успехот на нашето пријателство надеж, дијалог и заедништво, рече премиерот Зоран Заев на синоќешното примање на наградата „Евалд Фон Клајст“, на Минхенската конференција

„Кога сите ми кажуваа дека не е можно, имав надеж за решение и подобра иднина. Кога сите зборуваа за црвени линии, Алексис и јас одлучивме да ги надминеме црвените линии што само ќе не вкопаат во ровови. Се свртевме кон отворена и искрена комуникација без скриени агенди. Решивме да се грижиме едни за други, да имаме толеранција и да ги разбереме проблемите и предизвиците на другиот. Глобалниот свет е мал и гласен денес, сè е поврзано. Најважните работи можат да бидат многу мали и тивки. Затоа, треба да работиме заедно за да обезбедиме мир, да ја одржиме стабилноста и да обезбедиме просперитет“, рече Заев на примањето на наградата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Заев и Ципрас во Минхен ја добија наградата „Евалд Фон Клајст“

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи: ДУИ уценувала, но никогаш за партијата секогаш за интересот на граѓаните и за потребата државата да оди напред

Редакција

По трагедијата во Кочани во Собранието изгласана забрана за употреба на пиротехника во затворен простор

Редакција

Нови 342 случаи на Ковид-19 од 2.349 тестирања

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница