еМагазин
Свет

Шеснаесет сојузни држави го тужат Трамп поради вонредната состојба

Шеснаесет американски сојузни држави, предводени од Калифорнија, ја тужат администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп поради одлуката да прогласи вонредна состојба, со цел да се обезбедат средства за изградба на ѕид долж американско-мексиканската граница.

Тужбата, поднесена во Окружниот суд во северниот дел на Калифорнија, доаѓа само неколку дена откако Трамп во петокот повика на вонредни овластувања, откако Конгресот претходно одби да го прифати  неговото барање за исплата на 5,7 милијарди долари за изградба на ѕидот, што беше негово ветување во текот на претседателската кампања во 2016 година.

„Денеска, на Денот на претседателот, го тужиме претседателот Трамп пред судот, за да ја прекине  злоупотребата на претседателските овластувања“, се вели во соопштението на државниот обвинител Калифорнија Гзавије Бесере.

„Го тужиме претседателот Трамп за да го спречиме самостојно да ги ограби средствата на даночните обврзници, кои Конгресот законски ги издвои за луѓето од нашата земја. За повеќето од нас, Кабинетот на претседателот не е место за театар“, додаде државниот обвинител од редовите на демократите.

Три земјопоседници од Тексас и една еколошка група во петокот први поднесоа тужба против неодамнешната одлука на Трамп, наведувајќи дека со неа се крши Уставот и дека го загрозува нивното право на сопственост.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Шокантни снимки од Чиле: Војската пука во демонстранти

Редакција

Москва за изјавата на Бајден дека Путин е „воен злосторник“: „Неприфатлива и непростлива реторика“

Редакција

(Вознемирувачко видео) Украинците убиваат руски заробеници, Њујорк тајмс ја потврди автентичноста на снимката

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница