еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Грчкиот министер Никос Папас задоволен од виното, мезето и музиката во Северна Македонија

Mинистерот за дигитални политики, телекомуникации и медиуми на Република Грција, Никос Папас, кој е во посета на нашата држава, и денеска со министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски потпишаа Меморандум за разбирање и поевтин роаминг, се заблагодари за гостопримството од страна на неговиот домаќин.

Тој додаде дека според она што го искусил овие два дена, во Северна Македонија има одлично вино, мезе слично на грчкото, а и музиката ја оцени за слична.

Според него со проблемот за името овие децении, двете држави изгубиле многу и рече дека сигурно позицијата на регионално ниво, па и пошироко би била поинаква.

За Договорот од Преспа оцени дека треба да биде договор за луѓето, за тие да имаат конкретни бенефити од него.

Прес-конференцијата ја следеа и голем број на грчки новинари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цените за роаминг со Грција ќе се намалат пред туристичката сезона и тогаш ќе се знае за колку

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Голема трагедија: Бројот на загинати во сообраќајката на патот Скопје-Тетово е 13

Редакција

Теута Арифи позитивна на Ковид-19 иако е вакцинирана со две дози

Редакција

Доктор Лазаров: „Супермен не може да ги допрегледа и згрижи сите илјадници новозаразени од овие денови“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница