еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Јанакиески се враќа во Шутка, притвор и за Ристоски, Вељаноски има пратенички имунитет

Триесетдневен притвор е определен за Миле Јанакиески и Спиро Ристоски осомничени дека се дел од организаторите за настаните од 27. април во Собранието.

Мерката притвор, како што синоќа изјави адвокатот Еленко Миланов, им е определена заради опасност од бегство и влијание врз истрагата.

Миланов најави дека ќе поднесе жалба, особено за притворот на Јанакиески.

– Обвинетиот Миле Јанакиески во моментов има две решенија за притвор така што ако вечерва не го најдат во неговиот дом веројатно ќе побараат да се определи притвор по другиот предмет, рече Миланов.

Покрај Јанакиески и Ристовски вчера во Кривичниот суд беше и поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, кој кратко потоа си замина, повикувајќи се на пратеничкиот имунитет.

Освен овие тројца, Обвинителството гони уште две лица како организатори на настаните од 27 април.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицковски: Се апсат луѓе врз изјави на сомнителни лица

Вељаноски: Јас да бидам организатор на настаните? Срамота!

Обвинителството ги гони Вељаноски, Јанакиески, Груевски и Ристоски како организатори за настаните од 27. април

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народна банка поттикнува штедење во денари, со можност за зголемување на каматата од страна на банките

Редакција

Заев: Ако има можности ќе ги декласифицираме документите од преговорите за името од 1992 до склучувањето на Договорот од Преспа

Редакција

ДИК ја официјализираше победата на Гордана Силјановска Давкова

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница