еМагазин
Image default
Забава

(Видео) Суперхикс со новото видео и сингл „Модерна љубов“ се враќаат назад кон корените

Суперхикс на 3-ти март 2019 година во МКЦ, Скопје, на свој начин ќе прослават 25 години од својот прв настап во некогашниот Доорс во Дебар Маало, Скопје. Банда инструментале на истиот ден, 03-ти март, во 1994 година за прв пат го размрдаа Скопје.

Тие во целото свое постоење се поклонуваат на специфичниот ритам и музика кои го исполнуваат секој кој ќе ги слушне „Раде“, „Африка“, „Глупави песни“, и многуте други. Својот раст и својот развој, задржувајќи го тоа што секогаш ги прави тоа што се, Суперхикс го негуваат и во „Модерна љубов“, сингл чие видео денес излезе во јавност.

Видеото и песната „Модерна љубов“ се снимени во студиото „Тра ла ла“ на Мите Димовски од Скопје и за прв пат како редовен и нов член на бендот учествува и Стефан Алексовски на клавијатури.

Суперхикс се враќаат верни на својот стил и посветени на музиката пред својата 25 годишнина. Картите за настапот во МКЦ се на работ на распродавање и за тие кои што сакаат да го почувстуваат тоа што само Суперхикс може да го понуди немаат уште многу време.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Спектакал на годината: 1,6 милион лица на бесплатен концерт на Мадона на плажата Копокабана

Редакција

(Фото) Сопственикот на радио „Буба Мара“, Ранко Петровиќ по трет пат стана татко

Редакција

(Видео) Бетовен никогаш „не звучел“ посекси: Лола Астанова го тресе светот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница