еМагазин
Image default
Македонија

Игор Југ: Не е точна изјавата на Рускоска дека сакав да го убијам Заев

Обвинетиот Игор Југ, во својата реплика на вчерашната изјава на обвинителката Вилма Рускоска, дадена на крајот од завршните зборови во предметот „27 април“, денеска реагираше дека „не е точно тоа што го кажа обвинителката Рускоска дека сакав да го убијам Зоран Заев, и дека за тоа не треба храброст“.

-И самиот Заев, кога сведочеше, го прашав дали е сигурен дека јас сум сакал да го убијам, а тој рече дека тоа е само претпоставка, потенцира Југ.

Обвинетиот Вилијам Михајловски  рече дека му е жал што не е тука присутна обвинителката Рускоска, но веројатно, рече тој, оправдано е отсутна ако останала до доцна во ноќта на “Златна бубамара”.

Михајловски пред судот кажа дека информацијата за роднинската врска меѓу браќата Михаил и Стефан Младеновски со обвинителот Коле Штерјов, ја дознал од Михаил.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чавков: Нема правник, нуту граѓанин, кој нема сомнеж за амнестијата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дојави за бомби и во три основни училишта во Прилеп

Редакција

Убава вест: 644 оздравени од Ковид-19

Редакција

Фетаи побара затвор за Мијалков, Тачи и поранешни членови на ДИК за „Титаник 2“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница