еМагазин
Image default
Македонија

Србија ќе не вика Северна Македонија

Владата на Србија на денешната седница одлучи во идната комуникација со официјално Скопје да го користи терминот Република Северна Македонија или скратениот назив Северна Македонија.

Српската Влада денеска го усвои Заклучокот за користење на името Република Северна Македонија врз основа на известувањето на официјално Скопје испратено до сите членки на ОН за промена на името, пренесува Танјуг.

„Со оглед на тоа дека Србија има добри и развиени односи со таа соседна земја, а промената на името е спроведена на правно валиден начин, Владата констатираше промена на име и во идната комуникација ќе го користи називот Република Северна Македонија или скратено Северна Македонија“, се наведува во соопштението од српската Влада.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анкета: Мнозинството Грци ќе продолжат да не викаат „Скопје“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Црна Гора испраќа хеликоптер Бел 412 да помогне во справувањето со пожарите во Македонија

Редакција

(Видео) Заев и Мицкоски предизборно кај бизнисмените: Првиот вети пари од ЕУ-фондовите, вториот отвореност за мерки

Редакција

Прв возрасен пациент примен во детската болница Козле

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница