еМагазин
Да помогнеме

Утре во Зоолошка: Хуманитарен базар за бездомните крзнени пријатели

Многу кучиња чекаат да го најдат својот дом, многу од нив чекаат лекување, операции, храна, топли ќебенца, куќички.

Во недела (03.03), од 12:00-15:00, во ЗOO Скопје ќе бидат поставени кутии за донации, а на влезот ќе има ЗOO базар, каде што ќе бидат поставени штандови со сувенири, привезоци, маички со животински принт.

Сите собрани средства од штандовите, ќе бидат наменети за спасување на животот на многу  крзнени пријателчиња.

Во оваа благородна акција учествуваат и голем дел граѓански активисти и здруженија за заштита на животните кои несебично секојдневно помагаат на бездомните животни.

„Да ги научиме најмалите за љубовта кон животните, емпатијата и помагањето на послабиот, а сепак најискрен човеков пријател“, велат организаторите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осмомартовска желба на една мајка е да се соберат 3.000 евра, за нејзиниот син да застане на нозе

Редакција

Хуманитарен музички настан за Леонид вечерва во Станица 26

Редакција

Како да помогнете: Црвениот крст собра 83.749 евра за настраданите од земјотресот во Албанија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница