еМагазин
Image default
Македонија

Отсуството на обвинителката од СЈО, Стефановска го одложи рочиштето за „Траекторија“

Судењето за предметот „Траекторија” што се однесува на постапката за избор на компанија за изградбата на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид продолжува на 13 март, откако денешното рочиште беше одложено поради спреченост да присуствува на обвинителката од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Лиле Стефановска.

Судијата Горан Бошевски, на почетокот информира дека обвинителката Стефановска го известила телефонски дека не е во состојба да присуствува на денешното рочиште.

– Можела да обезбеди замена но сакала таа лично да присуствува на предметот, изјави судијата Бошевски.

Случајот „Траекторија” на Специјалното јавно обвинителство се наоѓа во доказна постапка и во него обвинети се поранешниот премиер Никола Груеваки на кого му се суди во отсуство, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и екс директорот на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски.

Според обвинението на СЈО обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанелe штета на Буџетот од најмалку 155 милиони евра.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов ден, нови дојави за бомби во училишта во Скопје

Редакција

Штекли и уште девет членови на неговата група завршија во затворот во Шутка

Редакција

ДСЗИ нема регистрирано пренесување на коронавирусот внатре во градинките и училиштата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница