еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Подвижна библиотека на „Браќа Миладиновци“ ќе ги посетува населбите и ќе го опслужува учениците со книги

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ со финансиска поддршка од Град Скопје изминатиот период набави нова подвижна библиотека – Библиобус.

„Подвижната библиотека – Библиобус е адаптирано возило опремено со книги наменети за ученици и има за цел промоција на книгата, достапност на информациите, развој на културата на читање, како и создавање навика за читање кај детската популација.

Библиобусот посетува повеќе скопски приградски населби и ги опслужува учениците од 19 училишта во Марино, Мралино, Бунарџик, Текија, Мршевци, Кучевиште, Сопиште, Сушица, Оризари, Припор, Долно Коњари, Добри Дол, Побожје, Долно Соње, Орман, Чифлик, Лисиче, Трубарево и во Волково.

Подвижната библиотека работи пет дена во неделата, од септември до јуни, и ги посетува училиштата според претходно утврден план.

Со библиобусот се овозможува полесен пристап и популаризација на книгата и до оние места кои се оддалечени од централните библиотеки и клонови.

Учениците се ослободени од наплата на амортизација на позајмените книги“, соопштуваат од Град Скопје.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Впуштете се во „шопинг тура“ со Cashback World: Преку играње на онлајн видео предизвик до Samsung Galaxy таблет!

Редакција

Македонски Телеком: Да останеме поврзани од дома, со двојно повеќе фиксен интернет, над 50 ТВ канали и 10 GB мобилен интернет за сите

Редакција

(Галерија) Главниот извршен директор на ТАВ, одликуван со Медал за заслуги за Македонија од Иванов

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница