еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Мекици за новиот член на Скопската Зоолошка градина

Скопската Зоолошка градина неодамна го доби својот нов член – се роди мајмунче од видот белорак гибон. А во саботата граѓаните ги пречека симпатично изненадување, Gibon Slaklaines Macedonia ги почестија посетителите на ЗOO со мекици.

„Традиционално со раѓањето на бебе, Гибон Слеклајнс „замесија“ мекици и ги поканија сите да дојдат во Зоолошката градина во Скопје за да го прославиме среќниот момент. Сите посетители, освен со мекиците и балоните, имаа можност да уживаат и со шоуто кое го приреди Филип правејќи трикови на слеклајн. Децата имаа можност да се забавуваат и да се качат на слеклајн лентата и сами да искусат што значи да се балансира. На забавата од слеклајн не останаа имуни ни возрасните – вистинска забава за целото семејство“, се вели во соопштението на Gibbon Slacklines Macedonia се официјални застапници на Gibbon Slacklines, најпознатите производители на слеклајн опрема кои го променија текот на слеклајнот како спорт.

Малото гибонче моментално е во карантин, заедно со гордите родители. Посетителите на ЗOO Скопје можат да ја видат неговата постара сестра која прави исто толку добри трикови скокајќи како и Филип.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Жито“: Придонесуваме за дополнителна стабилност на државниот буџет

Редакција

(Видео) Денес започнува со емитување новата сезона 5+ Фамилија

Редакција

АСОМ донира 600.000 денари за семејствата на настраданите и повредените патници во сообраќајната несреќа во Бугарија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница