еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Првични резултати: Пнеумококна бактерија е причина за смртта на девојчето

Се уште се прават испитувања за причината поради која на Клиниката за детски болести вчера почина две и полгодишното девојче, а според првичните резултати се работи за пнеумококна бактерија, односно инвазивна пнеумококна болест, изјави директорката на Клиниката за детски болести, Катерина Ставриќ, денеска пред Клиниката.

Ставриќ рече дека детето било примено на интензивна нега во понеделникот попладне, во тешка клиничка слика на сепса. Детето претходно било релативно здраво, со респираторена инфекција и една недела било третирано од страна на матичен лекар.

– Дента поради влошување на состојбата е донесено на Клиниката. Примено е на Оддел за интензивна нега, поставено на респиратор, но и покрај сите преземени тераписки процедури по престој од 12 часа детето почина, се вели во соопштението од Клиниката за детски болести.

На Клиниката за детски болести, како што информира Ставриќ, во моментов има околу 30 деца со грип и околу десет деца со морбили.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Има ли крај: Почина 2,5 годишнo дете на Клиниката за детски болести

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЦУК предупредува на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците, поради најавите за нестабилно време

Редакција

Зголемени квоти за сите 772 аптеки и за април 

Редакција

Досега не се пронајдени податоци за штетни состојки во вакцините против Ковид-19, кои би можеле да и наштетат на трудница и на нејзиниот плод, велат од ИЈЗ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница