еМагазин
Image default
Македонија

Пендаровски за неколку часа собра над 20.000 потписи

Граѓаните силно одговорија на јавниот повик за потпис и поддршка на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски. За само неколку часа во канцелариите на ДИК низ земјава се собрани над 20.000 потписи за Пендарвски, изјави денеска генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.

Кирацовски, кој е и шеф на Изборниот штаб на Пендаровски, денеска во Битола и лично, со свој потпис, ја поддржа кандидатурата на претседателскиот кандидат.

-Граѓаните ширум државата масовно излегоа и дадоа потпис за нашиот кандидат за претседател на нашата држава. Од Охрид до Берово, од Тетово до Крива Паланка, од Битола до Скопје, Куманово…граѓаните масовно ја дадоа својата поддршка. Во историјата, оваа е единствената кандидатура за претседател на државата која е поддржана од над 20.000 граѓани, од 60 пратеници и од над 30 политички партии. Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци…сите заедно се обединија околу Стево Пендаровски, истакна Кирацовски.

МИА/Фото: СДСМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Го избра ли власта „правиот“ кандидат за претседателските избори: Животот на Стево Пендаровски во 2,5 минути

Твитерџиите му направија „крвна слика„ на Пендаровски, кандидатот на СДСМ и ДУИ за претседател

Има само југо: Каков имот пријавил Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател на СДСМ и ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

8.700 килограми небезбедна храна откриена во туристичките места

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ државата

Редакција

Пендаровски: Заедничкото одење и чествување на Св. Кирил и Методиј со Радев е добар симболичен гест од двете страни

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница