еМагазин
Image default
Бизнис

Апел да не се вози по новиот автопат Миладиновци-Штип додека не биде пуштен во употреба

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески апелира граѓаните да не возат по новиот автопат Миладиновци-Штип се додека не завршат сите неопходни проверки и додека официјално не биде пуштен во употреба.

– Градежните активности на автопатот Миладиновци-Штип во сите три секции се комплетно завршени. Автопатот е многу важно да биде пуштен во употреба и тоа ќе се стори, меѓутоа поважно е уште еднаш да се извршат безбедносни проверки по сите елементи на автопатот и тоа ќе се случи во наредните денови, рече Сугарески, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Тој посочи дека се прават дополнителни проверки со цел возачите да бидат безбедни кога возат по тој пат.

– Автопатот ќе биде за многу скоро време пуштен, меѓутоа апелирам доддека не биде пуштен во употреба возачите не треба да го возат, истакна Сугарески.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Реплек лани со раст на добивката од 201%

Редакција

Колку ќе загуби државата од измените на Законот за игрите на среќа?

Редакција

Предложени четири кандидати за Надзорниот одбор на „Реплек“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница