еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

За љубителите на вселената и ѕвездите: „Скопско астрономско друштво“ организира Воведен курс по астрономија

„Скопско Астрономско Друштво“ го организира редовниот Воведен курс по астрономија, со почеток од 12-ти март 2019 година,

„Курсот се одржува по 22-ри пат во 20-годишното постоење на друштвото. Целта е посетителите да се запознаат со основните поими и факти од областа на астрономијата, без да им бидат потребни предзнаења од оваа наука. Астрономските термини и објекти ќе бидат претставени преку секојдневни примери, многу слики, анимации, неколку важни равенки и секако, набљудувања со телескопи.

Предавањата ќе се одржуваат два пати неделно – вторник и четврток, во амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информатички технологии (ФЕИТ) со почеток од 20:00 часот.

Предвидени се 10 термини, меѓу кои и посета на Планетариумот при Младинскиот Културен Центар во Скопје и теренско набљудување на ноќното небо“, велат од дриштвото.

Повеќе информации може да се прочитаат на www.astronomija.mk или на Фејсбук страната на друштвото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На хуманитарниот концерт на Тамара собрани над 10.000 евра за настраданите во пожарот во Кочани

Редакција

Прва за Македонија: Активистката Ана Чоловиќ – Лешоска добитник на Голдманова награда за животна средина

Редакција

Светската фотографска изложба од колекцијата на ФотоЕвиденс од утре вечер во НЛБ Галерија 

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница