Градски Трговски Центар А.Д. Скопје во периодот од 01.01.2018 година до 31.12.2018 година оствари вкупни приходи од 210.078.000 денари кои се поголеми за 13%, во однос на претходната 2017 година, а вкупните трошоци изнесуваат 235.971.000 денари кои се за 1% помали во однос на претходната 2017 година, соопшти компанијата преку Македонската берза.
„Остварен е негативен финансиски резултат во бруто износ од 25.893.000 денари, кој потекнува од судски решенија од минати години.
Целта на нашето работење е да оствариме позитивни резултати и во наредната 2019 година со максимално ангажирање и целосно искористување на капацитетите со кој располага нашето друштво“, соопшти компанијата.