еМагазин
Image default
Македонија

Наместо трагедија, рече традиција, Заев направи ненамерен лапус на комеморацијата за депортираните Евреи

Македонскиот премиерот Зоран Заев на комеморативната свеченост по повод 76-годишнината од депортацијата на македонските Евреи во своето обраќање наместо трагедија, рече традиција.

Потоа се извини на Фејсбук за ненамерниот лапсус.

„Во моето обраќање на денешниот настан по повод одбележувањето на 76 години од депортацијата на македонските Евреи во нацистичкиот логор Треблинка и официјалното отворање на музејската поставка во Меморијалниот центар на холокаустот, направив ненамерна грешка.

Имено, во делот од говорот кој гласи: „Холокаустот не е само еврејска трагедија, ниту само една темна страница од Втората светска војна. Со сиот свој ужас, овој геноцид е предупредување и лекција за сите нас, од сите вери, за сите времиња“, наместо зборот „трагедија“, ненамерно го искажав изразот „традиција“.

Секако се работи за ненамерен лапсус, грешка заради која изразувам извинување. Уверувам дека моето обраќање во целина и недвосмислено го одразува духот на осуда на геноцидот врз еврејскиот народ и на сочувството со семејствата на жртвите на холокаустот. Грешката не е објавена на веб страницата на Владата за да не повреди ничии чувства“, напиша Заев.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Случај „Таргет-Тврдина“: Ременски ќе бара отштета за прислушувањето

Редакција

Меѓу нив и Фатиме Фетаи: На огласот за избор на шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје пријавени тројца кандидати

Редакција

Вчера паднала и веб-страницата на МВР: ДИК поднесе пријава во полиција за хакирањето на сајтот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница