еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

На 24. март во Градски парк во Скопје ќе се одржи Хуманитарна трка за деца со Даунов синдром

Мечувалечки клуб Ескрим оваа година, по трет пат, ќе ја организира Хуманитарната трка за деца со Даунов синдром. Истата ќе се одржи во Градски парк во Скопје во недела, 24. март, со почеток во 11 часот.

Секоја година сѐ повеќе луѓе се вклучуваат во поддршка и организаторите апелираат тоа да продолжи затоа што, како кажа Билјана Кузмановска, организатор на трката, за децата изминатата година, „Ова се нашите витези, ова се нашите шампиони!“.

Според нив, храброста на овие млади треба да биде негувана од секој аспект од нашето општество. Тие се сигурни дека и оваа година ќе приредат незаборавен настан кој ќе прерасне во традиционална манифестација која ќе ги поддржува лицата со Даунов синдром.

Хуманитарната трка за деца со Даунов синдром се одржува по повод Светскиот ден на лица со Даунов синдром. Сите средства собрани од котизациите ќе се искористат за доопремување на дневниот центар за лица со Даун.

За зголемување на поддршката се повикуваат сите да го проследат настанот на Фејсбук фан страната: www.facebook.com.

За купување на котизации треба да се посети www.smartrace.club.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бидете дел од врвна обука за бизнис и претприемништво: Отворен повик за ЛИДЕР проект

Редакција

Започна новиот циклус бесплатни обуки во тренинг центарот на Рудник САСА

Редакција

(Галерија) Авицена Женска трка го разубави Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница