еМагазин
Бизнис

„Бетон-Штип“ во загуба од 95 милиони денари

ГТД  „Бетон-Штип“ а.д. Штип во периодот од  01.01.2018 година до 31.12.2018 година оствари негативен финансиски резултат – загуба во износ од 95.174.000 денари искажана во неревидираниот Биланс на успех, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Во овој период се остварени вкупни приходи од 250.622.000 денари и тие се за 56,10% помали во споредба со приходите од 2017 година. Вкупните расходи се 345.797.000 денари и се намалени за 68,87%.

„Неликвидноста која не пратеше цела година која резултираше со недостаток на средства за одржување на тековното работење и набавка на репроматеријал за работа и редовно сервисирање на обврските.Одливот на работници во екот на градежната сезона која директно се одрази на реализацијата и претење на динамиката на градба на објектите.

Вложувањата кои ги направивме во изминатиов период не ги дадоа очекуваните резултати а каматите и ануитетите по кредитите достаса за плаќање и го зголемија вкупниот трошок на работењето.

Цела година работевме во правец на континуирано намалување на трошоците од работењето, на максимално искористување на постојните капацитети и максимално ангажирање на вработените во друштвото“, соопшти компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Настел пак продаде акции на Реплек, Владимир Пецовски и Марјан Велковски купија

Редакција

Нема пролонгирање на почетокот на либерализацијата на пазарот на струја

Редакција

Кои се десетте компании кои добија признание „Македонски квалитет 2021“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница