еМагазин
Image default
Македонија

„Титаник 3“ по третпат почнува со слушање на „бомбите“ како материјални докази

Со изведување на материјални докази, поточно со слушање на разговори од „бомбите“, во Кривичниот суд почна рочиштето за предметот “Титаник 3” на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во кој се обвинети Ејуп Аљими и Исмет Гури, затоа што како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година „уништувале изборен материјал“.

Обвинителот на СЈО, Гаврил Бубевски побара согласност од обвинетите и одбраната да не се повторува изнесувањето на  материјалните докази, кои веќе двапати се изнесуваа пред претходниот судечки совет. Побара сето тоа да се пренесе од минатиот записник со што, како што рече, не би се повторувал.

Обвинетите не се согласија со предлогот на обвинителот и продолжи изведувањето на материјалните докази. Во една од бомбите се слушна како двајца разговараат за изборите, при што едниот му вика на соговорникот да гласа за Струмица, бидејќи ќе биде потребно и за Чаир.

Бубески презентираше извештаи на избирачки одбори од локалните избори во 2013 кои содржат сумирани резултати за изборот на градоначалник на Општина Чаир, кои пак, како што рече обвинителот, видливи се поправки на документите кои докажуваат како не треба да се водат записници.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЈО и официјално е историја, Јовески уверува дека предметите ќе добијат завршница

Редакција

Директорот на битолската болница Александар Обедниковски поднесе оставка

Редакција

(Видео) Каков напад од омраза кога неговиот татко спасуваше бугарски државјани од бродската несреќа, вели адвокатот на обвинетиот за нападот на Пендиков

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница