еМагазин
Image default
Бизнис

Енвер Малиќи и пратеник на ДУИ ја тужат државата за 2,1 милиони евра

Пред тринаесет години на кејот на Вардар во близина на скопското Кале требаше да почнат да се градат хотелски комплекси и деловни објекти. Локациите се продадени, но и до ден-денес инвеститорите не почнаа со градење, пишува весникот Независен.

Од 2007 година за три парцели се води судски спор. Шест години државата ги тужеше сопствениците, а од 2015 година се сменија улогите во судскиот процес и сега газдите на парцелите ја тужат државата, пишува весникот.

Сопственик на две парцели е заменик-градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи, и една поседува пратеникот од ДУИ, Ејуп Аљими. Тие бараат државата да им врати 2.167.000 евра, односно 1.254.000 илјади евра на Малиќи и 913.000 евра на Аљими, пишува Независен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Измени на девет закони за Бехтел и Енка по скратена постапка денеска на дневен ред во Собранието

Редакција

Продадени акции од Комерцијална банка за 521.000 евра во два блока на берзата

Редакција

Селаудин Арифи го презема кичевски Жито Караорман, купи 5.600 акции

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница