еМагазин
Image default
Македонија

Рускиот амбасадор му ја предаде на Заев нотата за прифаќање на новото име

Премиерот Зоран Заев синоќа го примил рускиот амбасадор Сергеј Баздникин, кој му ја предал копијата од нотата на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, согласно која врз основа на одлуката на претседателот Владимир Путин оваа земја го признава новото име на нашата земја – Република Северна Македонија.

На средбата во Кабинетот на премиерот Заев двајцата соговорници ги потврдиле заложбите на двете земји за одржување традиционално пријателски односи низ активен дијалог.

“Посебно внимание на средбата беше посветено на поттикнувањето на можности за зголемување на економската соработка, за што како особено значаен податок за потенцијалите говори фактот дека извозот на свежо овошје и зеленчук во јануари оваа година е зголемен за 90 отсто, во споредба со истиот месец лани.

Во таа насока, интензивирањето на економската соработка се очекува да биде централна тема на наредната сесија на Мешовитата владина комисија за трговско-економска соработка меѓу двете земји која треба да се одржи во Скопје“, велат од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Русија станавме Северна Македонија

Не постои застој при влез на македонските камиони во Руската федерација

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трамп го испрати за ратификација протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Редакција

МНР: Бучковски во Софија, да се искористат сите можности за изнаоѓање решение за разликите

Редакција

Министерство за здравство: Состојбата е критична, граѓаните да им помогнат на здравствените работници во битката со Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница