еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

(Фото) Познати наградените на „Робомак“: Роботизирани раце, сфери и што уште не од младите научници

Со финален натпревар во шест различни категории заврши десеттиот „Робомак 2019“, во рамки на Неделата на роботиката, што ја организираа студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).

На натпреварот во Домот на АРМ биле квалификувани 22 од вкупно 29 екипи, соопштуваат од ФЕИТ.

Победници на Робомак 2019 во различни категории се: за „Robotic arm“ – Благој Христов и Владимир Илиќ од ФЕИТ, „Maze“- Растко Тодоровиќ и Никола Бранковиќ од ФТН, Нови Сад, „Line follower“- Лука Адамовиќ и Јелена Лалиќ од ЕТФ, Белград, „AI football“- Игор Наумовски, Симеон Трендов и Здравко Тодоров (ФЕИТ), „Sphero“- Михаило Ристиќ и Софија Петровиќ (ЕТФ, Белград), „Sumo“- Андреј Биковски и Борис Стевановски (ФЕИТ).

За студентот Сања Цветковиќ, дел од организацискиот тим на Робомак и член на Студентски огранок на Македонската секција на ИЕЕЕ (Институт на инженери по електротехника и електроника), огромно е задоволството да се биде дел од ваков сериозен настан.

„Учесниците напорно работеа цела недела, речиси 12 часа дневно, но сето тоа беше многу интересно затоа што имаше многу дружење, работа и активности. Многу ми е мило што Робомак станува традиција, што ќе продолжи да се негува и надградува секоја година“, вели Цветковиќ.

ФЕИТ организираше Недела на роботиката по повод 10 години организација на Робомак – меѓународниот натпревар по роботика и вештачка интелигенција и 60 години од основањето на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ .

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видевски тврди дека не учествувал во киднапирањата и убиствата на Вања и Панче

Редакција

Пад на температурите за викенд: Облачно и свежо време

Редакција

Мукаетов за добивањето на Орденот на заслуги: „Oва ќе биде мој мотив да продолжам по истиот пат и понатаму“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница