еМагазин
Image default
Македонија

Законите што не ги потпиша Иванов денеска повторно пред пратениците

Законите кои претседателот Ѓорге Иванов одби да ги потпише и ги врати во Собранието, меѓу кои и за заштита од дискриминација, за ОТА и електронски комуникации, денеска повторно треба да се најдат пред пратениците.

Се очекува овие закони откако повторно ќе бидат изгласани во Собранието, да бидат објавени во Службен весник.

Владејачките СДСМ и ДУИ вчера го обвинија Иванов дека со блокирањето на законите е кочничар на реформите и националните инетереси, и оти и во последните денови од мандатот останува доследен во своето делување спротивно на интересите на граѓаните и државата.

Кабинетот на Иванов, пак, одговори дека никој не го спречува Собранието да го повтори, како што се наведува, „веќе направениот преседан и на незаконски начин, без потпис од претседателот на државата во Службен весник да објави укази за прогласување на закони донесени од Парламентот“.

Претседателот Иванов не ги потпишува законите од 11 јануари, кога во Собранието беа усвоени уставните измени за промена на името на државата во Република Северна Македонија.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иванов: Никој не го спречува Собранието да го повтори направениот преседан

Иванов не потпишува закони со Северна Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 722 случаи на Ковид-19 од 3.701 тестирања

Редакција

Лани околу 1.700 Македонци добиле бугарски пасоши

Редакција

Универзитетот во Тетово го поништи огласот за избор на ректор и ќе објави нов

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница