еМагазин
Image default
Забава

Волшебно издание „Поточиња 2019” викендов во Македонска опера и балет

Детскиот фестивал „Поточиња” овој викенд по 16. пат ќе се одржи на 30. и 31. март 2019 година на сцената на Македонската опера и балет.

Освен 15. нови детски композиции програмата ќе биде збогатена и со анимирани цртани филмови специјално подготвени за ова издание на Поточиња, а организаторот открива дека се подготвува и волшебна сцена како во детска бајка.

Домаќин на публиката ќе биде актерот Мартин Јорданоски во маската Поки кој ќе ги открива изненадувањата подготвени за публиката.

Од организаторот, Пап продукција, информираат дека сѐ е подготвено за уште една голема детска забава. На репертоарот се закажани шест претстави со почеток од 11:00, 13:00 и 19:00 часот во двата дена.

Последните билети во ограничен број по цена од 250 денари може да ги најдете во Југотон, Билетарата на МОБ и онлајн на www.jugoton.mk и www.babyshop.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Возбудливо финале на ТРИУМФ: Најекстремни предизвици досега за награда од 3.000 евра

Редакција

(Видео) Скопјанецот Назми Акташи во близина на Велес улови сом подолг од 2 метри и тежок 82 килограми

Редакција

Barcelona Gipsy Balkan Orchestra доаѓаат во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница