еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Командирот на противпожарната единица Скопје, Кочовски: Сите пожари се подметнати

Командирот на противпожарната единица Скопје, Владимир Кочовски на неговиот фејсбук-профил се огласи по повод бројните пожари кои ја зафатија целата држава.

„Сите, буквално сите пожари на отворен простор, најодговорно тврдам дека се подметнати. За причините во некоја друга прилика. Исто како и пластичните контејнери кои, статистички гледано, горат во Карпош и Центар во 90 % од случаите. Реков дека во некоја друга прилика може да кажам дали пожарите имаат политичка заднина? Дали тоа го прават дрвокрадците, земјoделците кои ги палат стрништата па потоа тоа излага од контрола?

Поентата е дека во моментов Бригадата работи со намален број на луѓе кои прават натчовечки напори за да ги угаснат пожарите. Скоро половина од возилата се секој ден на сервис. Се троши огромна количина на гориво. Возилата се уништуваат затоа што мора да се вози и по непристапни места. Затоа, што повеќе полиција на терен (не инспектори). Забрана за движење во шума.
Казни за секое запалено стрниште. Ангажирање на чуварска служба, полиција, што и да е, на сите депонии.

За тоа време, додека сите се на терен за да гасат подметнати пожари, треба да знате дека може да се случи пожар на објект на кои повик ќе нема доволно луѓе и возила за пожарот да биде угаснат“, напиша Кочовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Државата гори: Пожари речиси на целата територија, ситуацијата повеќе од алармантна

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Агенцијата за администрација објави оглас за вработување на 14 лица во Министерството за здравство, плата до 35.496 денари

Редакција

Вакцината против Ковид-19 не влијае врз плодноста кај мажите, вели експертка од Кралскиот колеџ во Лондон

Редакција

Андријана Јаневска одбила да ја преставува Македонија на Евровизија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница