еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Галерија) Градски парк полн, езерцето празно

Убавото време ги извади скопјани од дома, па се чини дека цел град е во Градски парк.

Но она што остава впечаток е играта на децата во езерцето, кое е испразнето заради чистење.

Град Скопје на 23 февруари започна со комплетно чистење на каналите и на езерцата во првиот и во вториот дел од Градскиот парк, што не се исчистени околу 10 години.

Акцијата ја спроведуваат екипите на Град Скопје и на јавните претпријатија „Улици и патишта“ и „Паркови и зеленило“.

– Во акцијата се отстрануваат насобраните лисја, милта, наносите од земја и отпадоците, за да може езерцето да се наполни со вода. Се чисти и каналот што носи вода до целиот езерски систем во паркот. Како дел од овие активности се отстрануваат и исушените и искршени гранки на околните дрвја кои претставуваат опасност за посетителите на паркот, појаснуваат од Град Скопје.

Активностите за чистење на каналите и на езерцата во Градскиот парк ќе продолжат и во наредниов период. Од Градот апелираат до граѓаните да не фрлаат отпадоци во каналите и во езерцата и да ја одржуваат хигиената на зелените површини во паркот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се обичаите за Рамазан Бајрам

Редакција

Убава вест: Оздравени се 587 пациенти заболени од Ковид-19

Редакција

(Фото) Мицкоски по дневните активности, на вечерна забава на „Виноскоп“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница