еМагазин
Image default
Локално

Возачот што ги превезувал ги исфрлил: Еден мигрант починал, а шестмина се тешко повредени

Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ утринава во 4:30 часот покрај магистралниот пат Удово-Демир Капија, во близина на Водисирска Река, го пронашле починат С.И.(27), мигрант од Бангладеш и уште 14 мигранти од Пакистан и Бангладеш, од кои шест биле со тешки телесни повреди.

Како што соопшти МВР, по кажување на мигрантите, тие биле истоварени од возачот на возилото, со кое биле превезувани, кој им рекол дека мора да скокнат надолу затоа што на патот има полиција. Притоа се здобиле со повреди, а едно лице починало.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Валандово, и известен е јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција.

Повредените се пренесени во болниците во Гевгелија и Кавадарци. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и расчистување на случајот.

Во вториот случај илегален мигрант бил донесен со комплексот клиники „Мајка Тереза“ со повреди од удар од воз.

Како што посочуваат од МВР, синоќа во 20:00 часот во СВР Скопје, од Клиничкиот центар било пријавено дека кај нив било донесено повредено лице – странски државјанин.

Според пријавеното, повреденото лице било донесено во текот на денот со возило на Итна медицинска помош од Гевгелија, а на нив им било предадено од екипа на Црвен крст. Во разговор со полициски службеници тој изјавил дека се вика У.Ш., дека е од Пакистан и дека бил удрен од воз додека се движел по пруга.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во домот на жител од Стојаково пронајдени 6,5 килограми марихуана

Редакција

(Фото) МВР објави фотографија од напаѓачот на Раде Трајковски Штекли во Ист Гејт

Редакција

МВР за еден ден изрече 101 сообраќајни санкции во Гостивар

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница