еМагазин
Image default
Македонија

Груевски му честиташе на Апелацискиот суд за Заев: Каква храбра и неочекувана одлука!

Каква храбра и неочекувана одлука! Честитки за апелација! Е ова е реформирано судство. Само напред!. Вака реагираше експремиерот Никола Груевски на својот Фејсбук профил по одлуката на Апелацискиот суд да не ја прифати жалбата на обвинителоството и го ослободи премиерот Зоран Заев за случајот „Поткуп“.

„…Најверојатно апелациските судии и Кацарска во Основниот суд претходно брзаа да го решат предметот “Тенк“ за да не ме држат во неизвесност и во исчекување. Тоа е преголема почит, да ми помогнат, од љубов, хуманост и човекољубие…

А ова што го развлекуваат за Заев по година, две и повеќе е за да го измачуваат. Да види тој како е година две да не ти го решаваат предметот, па дури потоа да те ослободат.

Интегритет покажуваат. Не го фермаат. Го ослободуваат и чао, кој го прашува, не му се плашат! Сега после избори, или ако сакаат уште малку да го мачат можеби и подоцна, кога ќе му „треснат“ на Заев една ослободителна пресуда на маса овие од апелација, ќе ја засенат и Кацарска…

Па изнервиран тој од нив, кога ќе фати да ги унапредува, има лом да биде…“, напиша Груевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Снимката на Заев за „Поткуп“ се уште се „врти“ на You tube

Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Заев во случајот „Поткуп“

Фото: Фејсбук/Никола Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Србија и донираше на Македонија 13.000 дополнителни вакцини „Спутник“

Редакција

Aвтобусот се движел со над 100 километри на час и нема ниту еден милиметар знаци на кочење – несреќата е резултат на човечка грешка, вели секретарот за безбедност на Перник

Редакција

Онур Али нов заменик министер за култура: И партијата на Скендер Реџепи дел од техничката влада

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница