еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

ТРИ покренува кампања за подигнување на свеста за читањето: Фраерски е да се чита

Под мотото „ Фраерски е да се чита – недела на кул книги во ТРИ“ Издавачкиот центар ТРИ од 2 април почнува кампања за подигнување на читателската свест кај младите.

Со богата двонеделна програма проследена со убав избор на повеќе дела за млади по одлични цени, ТРИ очекуваат да ги заинтересираат младите за читање добри книги. Интересни настани збогатени со музика, средби на читатели и млади автори, промоции на книги – се само дел од програмата која има за цел приближување на книгата до младите.

Преку оваа акција ТРИ сака да им покаже на младите луѓе дека книгите нудат слобода на умот како што не нуди ништо друго. Дека јунаците од страниците се реални и живеат во секој од нив. Дека сите деца се херои ако веруваат во себе! Со оваа кампања нудат еден неограничен свет во кој сѐ е можно, ги поттикнуваат децата да веруваат во чуда и имаат за цел да ја разбудат креативноста во сите.

Славниот Нил Гејман вели дека не постои такво нешто како литература за деца и млади. Има еден свет на фантазија во кој сè е можно и сите обични нешта имаат магија, само треба да ја препознаеш.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Малата Теодора родена со тежина од само 800 грама успешно закрепна и си замина дома

Редакција

Промоција на новата колекција на брендот за накит Капка, во Лаб дизјан маркет

Редакција

„Ругање со Христос“ награден на Меѓународниот филмски фестивал во Монтреал

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница