еМагазин
Image default
Локално

МВР со детали: Скопјанец се обидел да ја спаси давеничката во Вардар

На 01.04.2019 година во 12.20 часот во СВР Скопје, М.С. пријавил дека околу 12.00 часот во водите на реката Вардар, под мостот кај Народна банка, забележал жена која се давела, информира МВР.

Според пријавеното, тој се обидел да ја извлече, но не успеал, по што повикал Итна медицинска помош и полиција. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје телото било извлечено од водата, а екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт.

По извршениот преглед, било утврдено дека се работи за лицето И.Т.(77). По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајден женски труп во Вардар кај Комплекс банки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за насилникот кој направи хаос во Градската болница во Скопје

Редакција

Тројца „јунаци“ натепале и ограбиле 88-годишен маж сред бел ден во Скопје

Редакција

За новогодишното украсување на Скопје ќе се потрошат 13 милиони денари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница