еМагазин
Image default
Локално

Директорка на студентски дом во Битола „работела“ и како секретар

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.П.(55), Ј.Б.(63), Ц.А.(65), Е.С.(31), М.К.(57), Д.К.(27) и Е.Е.(59) поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, информира МВР.

На 14.09.2016 првопријавената, како директор во државниот студентски дом „Кочо Рацин“ од Битола, донела и потпишала решение со кое себе си се распоредила како секретар во наведениот студентски дом, иако се уште вршела функција– директор, со што постапила спротивно на одредбите од Законот за вработените во јавниот сектор.

Останатите пријавени, на седница на управниот одбор, изгласале и потпишале повеќе одлуки со кои ја назначиле првопријавената како секретар, со што овозможиле на неа да и се исплатува 25% од платата за работното место секретар.

Со наведените дејствија, првопријавената се стекнала со противправна имотна корист од 235.001 денари, додека нанесената штетата на Буџетот на Државниот студентски дом „Кочо Рацин“ изнесува 362.276 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР урива рекорди: Изречени близу 400 казни на возачи во Скопје за едно деноноќје

Редакција

Општина Маврово и Ростуше бара прогласување кризна состојба по зголеменото присуство на кафеава мечка

Редакција

За еден ден санкционирани 346 возачи во Скопје, од кои 28 мотоциклисти

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница