еМагазин
Image default
Локално

Двајца кратовчани си изградиле куќа на државно земјиште

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.Б.(56) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „поднесување лажни докази“ и против Г.Б.(29) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“, информира МВР.

Во Кратово, на улица „Вера Јоциќ“, на парцела од 51 метар квадратен, сопственост на РС Македонија, пријавените противправно изградиле станбена куќа со деловен простор. Притоа, пријавените на парцела од 17 метри квадратни, сопственост Ц.В., А.В. и О.В., сите од Кратово, протиправно изградиле пристапни скали до наведениот објект.

По ова, во Општина Кратово, во прилог на барањето за легализација на наведениот објект, првопријавениот доставил лажна изјава дека истиот бил изграден во 2010 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филм во Тетово: Момче со возило намерно удрило во тројца, а девојката им се „пуштила“ на полицајците

Редакција

Тешко повреден пешак во Охрид по удар од автомобил „Сеат“

Редакција

Потрага по стружанец, два дена се води за исчезнат во реонот на село Брчево

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница