еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Укинат куќниот притвор на Јанакиески за “Титаник“

Основниот суд Скопје 1 му ја укинал мерката куќен притвор на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески за случајот „Титаник„ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Укината му е и забраната да комуницира со останатите обвинети и со сведоците за овој случај.

Информацијата за укинување на притворот за „Титаник“ денеска на судењето за истиот предмет ја соопшти самиот Јанакиески.

Сепак, Јанакиески останува во куќен притвор, бидејќи ваква мерка од судот доби и за настаните во македонското Собрание од 27 април 2017 година.

Јанакиески за овој случај има забрана за кoмуникација со останатите осомничени и не смее да комуницира со поранешниот премиер и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, како и со сопратијците Спиро Ристовски, Трајко Вељаноски и Никола Бошковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Отсуството на судијата Ставрев го одложи судењето за „Титаник“

Фото: Фејсбук/Јанакиески

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Македонија пак ќе се рекламира на CNN? Мицкоски го посети седиштето на телевизијата

Редакција

„Линк медиа плус“ го доби тендерот за новогодишно украсување на Скопје „тежок“ 260.000 евра

Редакција

Од Ковид-19 починале 27 лица, најмладиот на 36-годишна возраст

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница