еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Главоболки за ДИК: 1ТВ бара исплата на штета од 100.000 евра за необјавен ценовник

Основниот суд Скопје 2 го уважил барањето на 1ТВ за привремена мерка за обезбедување на побарување од Државната изборна комисија (ДИК) во износ од 100.000 евра, а поради тоа што ДИК не го објавила ценовникот за политичко рекламирање за кампањата за претседателските избори и не го доставила до политичките партии со што и била нанесена ненадоместлива штета на телевизијата.

Во решението судот и наложува на ДИК веднаш да го објави ценовникот за изборниот процес кој е започнат на 1. април годинава.

Државната изборна комисија на ваквата одлука поднела жалба до Апелациониот суд во која се вели дека Основниот суд Скопје 2 воопшто не смеел да се впушта во разгледување на овој случај, бидејќи не е надлежен за прашања за кои треба да решава Управниот суд.

Повеќе детали ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Палевски го одложи судењето за убиството на Вања и Панче, побара изземање на обвинителката Крстевска и целото Обвинителство

Редакција

Со ребалансот на Буџетот нема кратење на парите за финансирање на политичките партии

Редакција

Јанакиески и Јанкулоска на суд: Продолжува судењето за „Титаник“ на СЈО

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница