еМагазин
Image default
Македонија

Судијата Киро Здравев е новиот претседател на Судскиот совет

Судијата Киро Здравев е избран за нов претседател на Судскиот совет.  За Здравев на денешната седница на Советот едногласно гласаа сите 12 членови.

За негов заменик е избран Селим Адеми, кој доби 11 гласови „за“, а едно ливче беше неважечко.

Судијата Здравев е член на Судскиот совет од декември минатата година, а функцијата претседател на Советот ќе ја врши во наредните две години.

На досегашниот претседател на Судскиот совет, Зоран Караџовски мандатот му истекува утре.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција

Откако го уапсиле и го однеле во станица, Бошкоски пак го вратиле на местото на апсење оти сите телевизии не го снимиле апсењето

Редакција

Штипскиот ковид центар исполнет до последниот болнички кревет

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница