Собранието на акционери на Стопанска банка АД – Скопје да го именува Маринис Стратопулос за член на Надзорниот одбор, предлага банката во одлуката за претстојното Собрание акционери закажано за 29 мај.
„Мандатот на членот на Надзорниот одбор е со времетраење од четири години од денот на стапување во сила на оваа Одлука. Оваа Одлука стапува во сила на денот на донесување, а ќе се применува од денот кога кандидатот ќе добие согласност од Гувернерот на Народна банка за негово именување за член на Надзорниот одбор“, пишува во одлуката објавена преку Македонската берза.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стопанска банка Скопје оствари добивка од 44,6 милиони евра