еМагазин
Македонија

Од ноќеска на полноќ не смее да се објавуваат анкети за изборите

Медиумите од ноќеска на полноќ не може да објавуваат резултати од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес за избор на претседател на државата.

Според Роковникот на Државната изборна комисија (ДИК), резултатите од анкетите можат да се објавуваат најдоцна пет дена пред денот определен за одржување на вториот круг од претседателските избори и вонредните локални во две општини.

На 27. април истече рокот во кој избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место – немоќно или болно лице, а сака да гласа, можеше за тоа да ја извести Општинската изборна комсија (ОИК), со цел да може да го оствари своето право на 4. мај ден пред одржувањето на изборите.

Ден пред одржувањето на изборите гласаат и избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор, но тие имаат да се пријават до ОИК рок до утре – 1. мај.

Најдоцна до утре Државната изборна комисија треба да го достави изборниот материјал до општинските изборни комисии, кои, пак, имаат рок до 4. мај да го достават до избирачките одбори.

Учесниците во изборната кампања треба да го поднесат финансиски извештај до ДИК, ДЗР и ДКСК за вториот круг од изборите најдоцна до 24 часот на 4. мај, доколку не учествуваат во него.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

47-годишен вработен во битолскиот затвор починал од Ковид-19, заразени и 16 осуденици

Редакција

(Видео) Инспекциите му станаа специјалност: Османи врши мониторинг на проектите финансирани од ИПА-фондовите

Редакција

Починаа седум лица од Ковид-19, помеѓу кои и еден странец кој се лекувал во болница

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница