еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

(Фото) Како ги минува Ѓорѓе Иванов последните денови како претседател?

За неколку дена по одржувањето на изборите закажани за 5 мај би требало да се знае кој ќе биде новиот претседател на државата. Тоа ќе значи крај за вториот претседателски мандат на професорот Ѓорѓе Иванов, кој по бурните денови за време на политичката криза во земјава, сега се чини дека мирно го чека крајот на извршувањето на претседателската функција.

По првиот круг од претседателските избори, Иванов беше не трибини, на алумни настани, а го прослави и Велигден.

Иванов, со сопругата Маја Иванова и синот Иван, присуствуваа на Светата Златоустова литургија во храмот „Св. Великомаченик Георгиј“ во Охрид, по повод празникот Воскресение Христово – Велигден. Тие присуствуваа и на Велигденска воскресна литургија во храмот „Св. Наум“, во Охрид.

Претходно, Иванов присуствуваше на одбележувањето на 8-годишнината од формирањето на Иванов Школа за Лидери – Алумни Асоцијација (ИСЛАА).

Во Кабинетот на Иванов неодамна се одржа трибина со проф. д-р Ард Луи, професор по теоретска физика и директор на постдипломските студии по теоретска физика на Универзитетот во Оксфорд. Трибината на тема: „Создавајќи нешта кои се создаваат самите себе: приказната за ДНК нанотехнологијата“, се реализира во соработка со Балканскиот институт за вера и култура

Фото:Фејсбук/Претседател Ѓорѓе Иванов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Ковид-19 активни 1.068 малолетници, од 5.000 тестирани ученици само 15 биле позитивни

Редакција

Ѓоковиќ по шест години изгуби на Австралија Опен, нема да може да се бори за 11. трофеј

Редакција

(Галерија) „Златен септември“, месец за поддршка на децата со малигни заболувања: Годишно во земјава се откриваат 35-40 нови случаи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница