еМагазин
Да помогнеме

„Биди срцевина, биди херој“: На „Виз ер“ маратонот можете да дарувате крв и да спасите нечиј живот

Универзитетската Клиника за хематологија-Скопје ги информира граѓаните дека за време на одржување на Виз Ер скопскиот маратон (4 мај, сабота со почеток во 8.00 часот), може да се обратат на штандот бр 20 на Клиниката и да се запишат во Националниот дарителски регистар на коскена срцевина.

„На штандот ќе бидат ангажирани стручни тимови од Универзитетската Клиника за хематологија-Скопје и Институтот за Имунологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет во Скопје, кои стојат на располагање да го објаснат процесот на зачленување во регистарот.

Ќе бидат обезбедени услови за дарување на една епрувета крв-5 милилитри кои се доволни за да се направи ХЛА типизација. Со овој гест ќе станете дел од глобалното семејство кое брои над 30.000.000 доброволни дарители на коскена срцевина во светот“, се вели во соопштението на Клиниката.

Од таму потсетуваат дека во тек е национална кампања „Биди срцевина, биди херој“, која ја спроведува Клиниката за хематологија во соработка со Институтот за имунологија и хумана гентика при Медицинскиот факултет во Скопје, а со поддршка од Министерството за здравство.

Целта на оваа кампања е подигање на свеста за хуманост, промовирање на солидарноста и засилување на можноста преку запишување  во националниот дарителски регистар, секој да може да се понуди да спаси човечки живот дарувајќи коскена срцевина.

Клиниката апелира до сите учесници на маратонот да ја покажат својата хумана и солидарна страна и да се впишат во регистарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сандра (13 години) боледува од тумор, 12.000 евра се надеж за спас

Редакција

Тригодишниот Алексеј се бори со тешки болести, потребни се средства за лекување со матични клетки

Редакција

(Фото) Доволно мака за „тетката со кибритчињата“: Да помогнеме, да и олесниме

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница