еМагазин
Image default
Македонија

Укинат притворот на Мијалков за „Титаник 2“

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје ја укина мерката куќен притвор на Сашо Мијалков која ја доби по изрекувањето на пресудата за предметот „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), и му одреди мерки на претпазливост да се јавува во судот, а привремено му е оземена патната исправа и не смее да ја напушта државава ниту со лична карта.

Како што соопштија од Основниот суд Скопје, постапувајќи по службена должност во кривично – правен предмет против С.М.  согласно член 173 ст.1 т.6 в.в. со ст. 3 в.в. со член 481 ст.4 в.в. со член 146 ст.1 т.2 и 3 в.в со ст.2  од ЗКП Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое се укинува мерката куќен притвор за обвинетиот определена со решение на Апелациониот суд – Скопје од 28 март 2019.

-Согласно член 481 ст.4 од ЗКП, кога судот ќе изрече во пресудата казна затвор може да определи обвинетиот да се стави во притвор , односно да остане во притвор, ако постојат причините од член 165 ст. 1 т. 1,2 и 3. Притворот во таков случај може да трае до правосилноста на пресудата, но најдолго до 60 дена, појаснуваат од судот.

Со решение на Апелациониот суд – Скопје решението на првостепениот суд е преиначено со тоа што за обвинетиот е определна мерка куќен притвор кој трае до правосилноста на пресудата, а најдолго 60 дена согласно член 481 ст.2 в.в. со член 165 ст.1 т.1 од ЗКП, соопштуваат од судот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривичен: Апелациja наместо административно да ги враќа предметите, има законска можност, но и обврска, мериторно да одлучува

Редакција

Седум новозаразени од корона вирусот во Кичево

Редакција

Нови 947 случаи на Ковид-19 од тестирани 3.450, во Скопје 453

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница