еМагазин
Image default
Локално

Правничка по наредба на директорка предвремено отпуштила негователка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Л.В.(41) од Крива Паланка и М.Т.(32) од село Конопница, кривопаланечко, поради постоење основи на сомнение поради сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“,информира МВР.

Во периодот од 10.02.2017 година до 14.02.2017 година, второпријавената во својство на правник на детска градинка „Детелинка“ во Крива Паланка, по усна наредба на првопријавената – в.д директор на градинката, извршила корекција во оргиналниот договор за вработување на определено работно време од една година склучен со В.С.(46) за работно место-неговател во наведената институција, по што таа била отпуштена од работа на 29.12.2017 година, односно месец и половина порано од времето за кое склучила договор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Битолчанец загина во судар со камион

Редакција

Во фирма во Скопје пронајдено починато 23-годишно момче

Редакција

54-годишен маж од Кочани пронајден починат во неговиот дом

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница