еМагазин
Image default
Локално

Скопјанец ќе настрадал во обид да си го угаси опожарениот „Фолксваген Пасат“

На 08.05.2018 година околу 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат помеѓу селата Долно Лисиче и Горно Лисиче, настанал пожар во патничко возило „Фолксваген пасат“, сопственост на М.Н.(29) од Скопје, информира МВР.

Според пријавеното, пожарот настанал додека тој работел на возилото, при што се здобил со изгореници. Пожарот бил локализиран околу 16.45 часот од екипа на Противпожарната единица, а М.Н. бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде му била укажана помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Голема акција на МВР против дивите тркачи: Запленети 35 мотоцикли

Редакција

Здравствен работник од Тетовско што работи во Скопје заболен од мали сипаници

Редакција

Починал при пад од покрив при чистење оџак

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница