еМагазин
Локално

(Галерија) За вљубениците во автомобили во Скопје: Изложба на електрични и хибридни возила

Вљубениците во автомобилите денеска имаат можност да погледнат стотина модели автомобили од петнаесетина брендови на изложбата Авто Плус Стрит Шоу, што се одржува на булеварот Илинден, на потегот од Зоолошка градина до Детскиот културен центар „Карпош“.

По 13 години без саемска манифестација во автоиндустријата, во Скопје конечно се одржува изложба на автомобили. Главната цел е да се приближат еколошките и технолошките достигнувања до граѓаните, како и да се презентираат нови дизајни и карактеристики, сево ова во насока на подобрување на безбедноста во сообраќајот.

Авто Плус Стрит Шоу денеска ќе претстави над 100 модели автомобили, а на мое огромно задоволство ќе видиме и целосно електрични и хибридни модели – рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.

Тој додаде дека Град Скопје работи на стимулирање на граѓаните да купуваат електрични автомобили преку обезбедување просторни услови за полнење.

Освен автомобили, посетителите на изложбата денеска имаат можност да погледнат и да се запознаат со новите производи од придружната индустрија – гуми, акумулатори и автогалантерија.

Авто Плус Стрит Шоу е во организација на најстарата и водечка месечна автомобилска ревија во македонскиот медиумски простор – Авто Плус.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Велес загина 11-годишно девојче, а нејзината мајка се здоби со тешки повреди, откако автомобил удри во нив, по возачот се трага

Редакција

Тројца тепале стружанец на паркинг

Редакција

Брзите тестови за Ковид-19 во Здравствен дом Скопје од денеска бесплатни за граѓаните

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница