еМагазин
Image default
Локално

Пукање во кафана во Прилеп: Повредени двајца мажи

На 13.05.2019 година околу 03.00 часот во СВР Битола било пријавено дека во угостителски објект во близина на железничката станица во Прилеп имало пукање од огнено оружје, информира МВР.

Полициски службеници излегле на местото на настанот каде биле затекнати М.М.(43) од Прилеп и О.И.(28) од село Лажани, прилепско, со повреди на главите. Тие биле пренесени во Клиничката болница Прилеп каде им била укажана помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца починати во пукање во Волково, повреден и малолетник

Редакција

(Вознемирувачко видео) Уапсен напаѓачот кој уби турски студент во Штип

Редакција

(Фото) Мост во Тетово остана без дел од оградата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница